Скопјанка загина во пожар во нејзината куќа

Смртен случај во Скопје: Пожар одзеде живот на 71-годишна жена

од Nikola Popovski
21 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Коха Тетово

На 24.02.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Ќерамидница настанал пожар во куќа, сопственост на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми.

Од Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје  пожарот бил изгаснат, а на местото е пронајдена почината сопственичката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични содржини