Скопски круг со креда, и знаците како чувари на урбаниот лавиринт или…

од Vladimir Zorba
335 прегледи

Скопски круг со креда, и знаците како чувари на урбаниот лавиринт
Или:
Топ три-четири најмаркантни местенца во и околу Скопје
Кеј (Вардар), Водно, Кале (МСУ), Дома

 Кејот: шеталиште, корзо. Можност да вежбаш перипатетика, измислица на Аристотел. Печашиш, дишеш, мислиш. Пешачиш, тешко дишеш, вежбаш да немаш мисли. Продишуваш. Вардар, колку и да е матен, си ја игра улогата на чистач. Доволно е само за миг да се слееш со текот.

Навистина ги носи мислите и се чувствуваш лесно.

Река моќна, метафора дека сè се менува, позадина кумулуси, како ехо и delay на чекорите, облачно плус матно и ветар. Доле камионски гуми, горе сулфурни гранули, ко божем херметички гатанки. Сето тоа одлично за неуроните и мрежата пептиди.


Водно: планина сочинета од љубов. Можеш да ѝ се обратиш во секое време. Ќе те слуша, ќе молчи и ќе те исцели. 

Не можеш да се загубиш. И кога и да налеташ на обележани дрвца на патеката, неодоливо ти се наметнуваат прашањата дали знаците постојат за да:
А)потсетат дека си загубен
Б)потсетат дека си на прав пат
В)потсетат да не се загубиш и дека не е страшно тоа што си на прав пат да се загубиш

Скопје ми е најубаво и најмногу го сакам кога го гледам од Водно. Од далеку, од високо. Од а-топос. Observer.
Кале, скопско и Музејот. Моето прво детство, Улица Славеј Планина.

Дома, градина. Шума од зумбули. Вградена утопија со атрибути на шифоњер. Ако има полици во него можеш да си ги диплиш идеите по принцип на Јунгови слободни асоцијации.

Нарцисот доминира поради жолтата боја. Oддалеку личи на сонце. 

 

 

Фејсбук статус на Будимка Поповска