Скриен симптом на коронавирусот: Пациентите се жалат на зуење во ушите

од Берта Китинска

Некои пациенти со Ковид 19 пријавиле необјаснето губење на слухот. Еден пациент се пожалил дека го изгубил слухот на едното уво, а во другото имал бучава и зуење.

Тинитус е име за појава на необјаснети звуци, вклучувајќи ѕвонење, зуење, шушкање или пулсирање.

Научниците неодамна ги повикаа лекарите да внимаваат на знаците на тинитус бидејќи тоа може да биде недоволно дијагностициран симптом на коронавирус.

„И покрај значајната литература за ковид и различните симптоми поврзани со вирусот, постои недостаток на дискусија помеѓу ковид и слухот“, велат истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

– Со оглед на широко распространетото присуство на вирусот кај популацијата и значително губење на слухот, важно е ова да се испита понатаму.

Сепак, само затоа што ги слушате вашите уши како sвонат, не мора да значи дека имате корона. Тинитус обично не е знак на нешто сериозно, и веќе постојат третмани за оваа состојба. Причината може да биде дијабетес, вознемиреност, па дури и земање одредени видови лекови.

loading...

Слични содржини