Славење во живо по големата победа на ракометарите на Вардар над Барселона

од Даниел Ѓорѓиевски
333 прегледи

Денеска е финалето  во Лигата на шампионите  Вардар Веспрем откако вччера вардарци ја совладаа Барселона.

Погчеднете ја првин во живо атмсферта од Келн по големата победа на ракометарите на Вардар над Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите

 

 

 

Во живо од Келн по големата победа на ракометарите на Вардар над Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите

Публикувахте от DW на македонски в Събота, 1 юни 2019 г.

 

 Се случи и тоа вчера во Келн, иако целата утакмица Барселона водеше на крајот Вардар  е победникот и финалист .Со неверојатна игра во второто полувреме вардарци ја победија  Барселона со 29:27. Денеска е македонскиот тим  во финалето со Веспрем ќе се бори за шампионската титула.

 Вардар повторно ќе игра во финале од Лигата на шампионите, и повторно преку Барселона! Речиси никој не се ни надеваше дека македонскиот тим ќе може да направи чудо откако имавме негатива од седум гола разлика, но чудо се случи!

Првото полувреме навестуваше дебакл за Вардар и покрај феноменалната партија на Милосављев. Голманот во првиот дел фати 13 топки, а неговите соиграчи дадоа само седум гола. На одморот заминавме со негатива од дури седум гола разлика.

Но работите полека почнаа да се менуваат во вториот дел, негативата на Барселона се топеше, а полека се враќаше надежта дека може да се направи сензација.

Во последните минути Барселона тотално се изгуби, одбраната на Вардар играше феноменално, нападот даваше голови. Каталонскиот тим во последните 15 минути даде само два гола.

Криштопанс со 10 голови го водеше Вардар кон триумфот со голема помош од соиграчите посебно од неверојатниот голман Милосављев кој полуфиналето го заврши со импозантни 19 одбрани.

Македонските воини полни со самодоверба  во 55 минута по првпат стигнаа до позитива која до крајот со маестрална игра на двата краја од теренот ја сочуваа за голем триумф и пласман во денешното финале од 18 часот во Келн каде ги очекува унгарскиот првак Веспрем.

Слични содржини