Следува ПАРЛАМЕНТ – избор на нов ПРЕТСЕДАТЕЛ !

од Vladimir Zorba
106 прегледи

 СДСМ и денеска бара од претседателот Ѓорѓе Иванов да го додели мандатот за формирање Влада што е уставна обврска  на таа институција и нема никаква логика да се премолчува, велат брифери за Локално.мк

Сега повеќе нема тајни каква е владината прогрaма на  СДСМ и не може повеќе да се игнорираат потписитте на парламентарното мнозинство. 67 пратеници од вкупно 120 го бараат тоа, таква е разликата на силите меѓу тоа тие кои што си сакаат, и тие кои можат да одлучуваат. Слободната интерпретација  што е против, а што за,  е слобoдно толкување на поединци или партии, а  институциите сепак мора да се однесуваат поинаку односно согласно Уставот кој пак е волја и сила на народот.
Владината програма е гаранција за унитарноста на земјава – му порачаа социјалдемократите на претседателот Иванов и го прозваа што поскоро да го додели мандатот. Вмровците пак велат дека не прифаќаат ништо освен  нови избори, а потврда за тоа дека исправно мислат биле  протестите низ сите градови. Всушност тие протестите ги користат за спречување на смена на власта, за изнуда за нови избори и ако може заедно со своите истомисленици и должници кои излегуваат на протестите да спречат одење во опозиција, и со уште една шанса за избори да се остане на власт, оценуваат аналитичарите.
Тоа се математиките на ВМРО ДПМНЕ и неговите колиционери, социјалистот Ѕинго со фамилијата и Ромите под контрола на Амбди Бајрам и уште неколку такви маргиналци на македонската политичка сцена.
Партиите на Албанците потписници на барањата од платформата, као и СДСМ , велат ќе го чекаат Иванов да го додели мандатот, па ќе ја усогласуваат заедничката владина програма. Според БЕСА, програмата на СДСМ, допрва треба да се доградува за да ги опфати прашањата кои ги засегаат Албанците. Од партијата на Села, велат дека откако Заев ќе го добие мандатот, ќе се формираат работни групи за усогласување на програмата.
ДУИ не сакаат  конкретно да ја коментираат програмата што ја објави СДСМ и само повторуваат дека барањата за двојазичноста на банкнотата и амблемите на униформите  што Заев вели се неуставни, кои ги одбива, за нив се усогласени со Уставот.
Ставање во функција на  Парламентот
Од СДСМ  велат и дека во наредните неколку дена  се очекува да продолжат координациите за избор на Претседател на Собранието, како прв логичен чекор и тоа ќе се реализира оваа седмица.
Не е исклучено претседател на Парламентот да биде и од албанскиот политички блок, одлука која е врзана многу повеќе со распоред на силите и конституирање на новата функционалност на државната власт, меѓусебна контрола на институциите, отколку за националната припадност на идниот претеседател, велат извори од преговарачките групи за старт на работата на Парламентот.
Следната фаза би била работа на Парламентот преку  оформување на комисиите, избор на потпретедатели и ставање во целосен погон на македонскиот Парламент како највисок законодавен дом, и како контролор и на претседателот на државата и на владата и нејзините министри.
Рокот за изјаснување на претседателот Иванов ќе биде до пред неговото заминување и негово патување за Австралија каде тој во опуштена атмосфера ќе се сретне главно со нашите иселеници, без некоја особена државничка улога и концепт на патувањето.
Доколку Иванов не го исочитува и овој рок и да го додели мандатот, и покрај сите притисоци од домашната и меѓународна јавност, тогаш Парламентот и парламентарното мнозинство  имаат низа институционални  можности да изгласаат и донесат одлуки, кои ќе значат  излез од оваа блокада, трансфер на власта, и тргање од сцена на одоговлекувањето на смена  на власта по изборите од 11 декември.
Се очекува од Парламентот, кога функционалноста ќе биде во полна фаза да го реши организирањето на локалните избори  за кои веќе се пробиени роковите, и понатаму и да ги отвори сите дебати околку недореченостите, сомнежите и полувистините околу  барањата на  различни платформи, кои пак реално преку шпекулации и лажни вести на провладините и партиски телевизии создаваат напната атмосфера, чувство на загрозеност на државата, неизвесност и страв.
Сите ја бранат Македонија
Токму таквиот амбиент кој го диктира власта на заминување е официјален  аргумент  за ВМРО-ДПМНЕ, кои  велат дека трпението на граѓаните е при крај. Доказ за ова, биле  протестите кои речиси две недели се одвиваат низ цела Македонија.
Точно е, протести има, како и незадоволство и збунетост на граѓаните кои знаат што бранат, но не се најчисти дали некој навистина им го зема тоа што го бранат.
И другата страна вели така, и „комуњарскиот“ блок и прогресивните Албанци велат  ја бранат Македонија ама не од платформата, туку од криминалците кои се кријат зад неа, односно досегашната власт, која ако остане ќе ја згази иднината на државата.
Доказ дека се случува вистинска паника и страв од  политичките смени и можни промени во владењето  е силната пропаганда,  дистрибуција и подметнувања на многуте полувистини, заплашувања  и дезинформации, како дел од специјалната војна и психоза, потпомогната и од платени написи по соседството и разни информатори и квази експерти.
Македонија  е под вистинска канонада од разногласија , збунетост кој е предавникот, а кој патриотот, предмет на анализи од домашната  и меѓународната јавност, и нова почва за пресметка на геоинтереси на Балканот.
Единствена вистинска добра насока, проценуваат неутралните аналитичари , е  почитување на институционалниот пат, Уставот и законите, почитување на државата, а не партијата со Македонија  без законот на улицата и волјата на поединци, туку  со почитување на законот на институциите, на  мнозинството граѓани  кои гласаа на последните избори.
Ад