Слика на Модиљани достигна цена над 157 милиони долари

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Делото на сликарот Амедео Модиљани, „Nu couche (sur le cote gauche)“ од 1917 година, беше продадено за 157,2 милиона долари на аукција во аукциската куќа Сотби’с во Њујорк.

„Nu couche (sur le cote gauche)“ е најголемата слика на платно на Италијанецот, којшто починал во 1920 година на 35-годишна возраст. Досегашен сопственик беше ирскиот милијардер Џон Мегниер.