Во едно средно училиште во Костолац, Србија, на еден од ѕидовите виси фотографија на претседателот на Србија Александар Вучиќ, а директорот вели дека тој така сакал.

„Не гледам тука ништо лошо. Нашето училиште го посетуваат бројни делегации, а таа е само декорација. Но, тука е желбата да се прикаже култот на државност“, вели директорот.
Додава дека салата многупати при разни посети била декорирана со слики од разни великани, како Михајло Пупин, Никола Тесла, а додека Томислав Николиќ бил претседател и негова слика се наоѓала на ѕидот на неговата канцеларија, која по потреба се преместува во салата за прием.