Словачка се извини за гласањето за резолуцијата за Украина во ОН

од Даниел Ѓорѓиевски
111 прегледи

Братислава ќе ја поддржи неутралната позиција на САД, и во иднина Братислава ќе внимава при носењето на своите одлуки, изјавија од кабинетот на словачкиот премиер. Ваквиот потег од страна на Словачката дипломатија е оценет како неуспех и упатија жалење и извинување за исходот.

ГС на ОН на 24 февруари усвои резолуција поднесена од Украина и неколку земји-членки на Европска Унија, со која се осудуваше Русија, нејзината агресија е прогласена за кршење на Повелбата на ОН и се бараше повлекување на руските сили од Украина.

Словачката национална партија ја критикуваше Братислава и побара од премиерот Роберт Фицо официјално да и се извини на Русија и да спроведе истрага за „пропустот“. Исто така побара од шефот на словачката дипломатија да го преиспита претставувањето на Словачка во ОН.

На крај, Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата предложена од САД, чиј коспонзор беше и Северна Македонија.

 

 

 

 

 

Слични содржини