Словачката претседателка: Сега е невозможно да се зборува за прием на Украина во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Словачката претседателка Зузана Чапутова смета дека е невозможно да се зборува за влез на Украина во НАТО се додека во таа земја има војна.

„Во однос на приемот во Северноатлантската алијанса, ситуацијата е јасна за сите – се додека Украина е во војна, не можеме да зборуваме за приклучување кон блокот. Ова произлегува од членот 5 од Северноатлантскиот договор и другите предуслови што една земја мора да ги исполни за да стане членка на НАТО“, рече Капутова.

Таа потсети дека била еден од европските претседатели кои минатата година најактивно го поддржале кандидатскиот статус на Украина за ЕУ, пренесува ТАСС.

Слични содржини