412
Во неделата, епископот крушевачки, Давид, служел опело и литургија на погребот на патријархот Иринеј, а јавноста ја погоди фактот што тој бил хоспитализиран изминатава вечер во болницата Драгиша Мишовиќ, откако тој очигледно бил заразен со коронавирус, пишува српска „Нова“.
Иако црквата апелираше на почитување на епидемиолошките мерки, се чини дека не беа сите одговорни.
Неговата здравствена состојба се влоши, и како што стојат работите, тој служел литургија, иако бил позитивен на коронавирус.
Владиката Давид во април беше сомнителен дека е позитивен на коронавирус, но во тоа време тој даде негативен тест, според изворите на Нова.рс.
Засега не е познато во каква точна состојба е владиката, но потврдено е дека тој е во болница.