Смртни закани за опозициските пратеници кои ја поддржаа пресудата на Хашкиот трибунал

од desk4

Смртни закани добиле опозициските пратеници во Хрватска кои ја поддржаа пресудата на Хашкиот трибунал за лидерите на босанските Хрвати.

Пратеникот Горан Беус Рицхемберг на неговиот Фејсбук профил објави дека откако одбил да му оддаде почит на Слободан Праљак, кој вчера испи отров по изрекувањето на неговата пресуда, добил смртни закани.

Рицехемберг претходно посочи дека неговата партија Глас нема да учествува на едноминутното молчење за Праљак.

Закани добила и поранешната министерка за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ, која што кажа дека пресудата е резултат на погрешната хрватска политика во деведесетите години, кога тогашните лидери се обидувале да ја разделат Босна и Херцеговина.

Слични содржини