Туристите кои патуваат на Бали и на други популарни дестинации во Азија треба да бидат свесни за новата смртоносна болест која ја пренесуваат комарците.

Министерствотот за здравје на Индонезија вели дека се зголемил бројот заболени од јапонски енцефалитис во оваа земја.
Смртоносната болест може да предизвика слепило, слабост и нарушувања во движењето. Симтомите на инфекцијата се треска, главоболка, гушење, дезориентација, тремор, парализа и конволзии, посебно кај децата.
Инфекцијата може да доведе до кома, а во 20 до 30 отсто од случаите и смрт. Кај оние кои ќе преживеат во 30 отсто од случаите остануваат невролошки последици.
Европскиот центар за превенција од болести наведува дека инфекцијата се шири низ Азија, а случаи се забележани и во Идндија, Пакистан и Јапонија.
На човекот се пренесува со каснување од комарец, но вирусот може да го носат и птиците, лилјаците, кравите и свињите.
За жал, најмногу случаи има на Бали.
„За да го спречиме понатамошното ширење на болеста на Бали наскоро ќе претставиме вакцина која ќе има добри резултати. Во моментот работиме на имунизација“, вели Венсја Ситоханг, директорка на надзор и карантин при Министерството за здравје на Индонезија.