Смртта на Флојд предизвика преиспитување на американската историја

од Nikola Popovski
142 прегледи

Спомениците на Конфедерацијата се рушат, а тие на Колумбо се уништуваат додека САД се обидува да се справи со духовите на ропско-расистичко минато разбудено со смртта на Џорџ Флојд.

„Се чини дека достигнавме клучна точка во повторното испитување на приказната за тоа кои сме ние како Американци“, вели Дејвид Фарбер, професор по историја на Универзитетот во Канзас.

„Гледаме дека десетици, ако не стотици милиони Американци се борат со фундаменталното прашање што да прават со срамните и, ајде да бидеме искрени, неморални аспекти на нашата историја“.

Смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој безмилосно беше задушен пд бел полицаец во Минеаполис, предизвика масовни протести против расна неправда и полициска бруталност низ САД.

Но, во исто време, беше охрабрено национално преиспитување на делови од американската историја.

Демонстрантите во неколку градови го истурија бесот на спомениците на генералите и политичарите од југот, и на пример во Ричмонд, ја собориле статуата на Џеферсон Дејвис, претседател на Конфедерацијата за време на Американската граѓанска војна.

Симболи на поделба

„Симболите на Конфедерацијата, мислам, предизвикуваат најмногу поделби. Но, сè се шири низ целата земја“, продолжува Фарбер.

„Во Њујорк, станува збор за спомениците на Колумбо, во Њу Мексико, статуата на конквистадорот, која е геноцидна фигура пред очите на Индијанците во Пуебло“, рече тој.

„Низ САД, постојат средни училишта именувани по Џон Калхун, седмиот потпретседател на САД, кој бил голем поборник за ропство“, вели Фарбер.

Фарбер забележува дека дебатата за симболите на Конфедерацијата трае со години и дека активистите за граѓански права во 1950-тите и 1960-тите гласно протестираа против фактот дека „шетата по улиците именувани по расисти и приврзаници на белата надмоќност“.

Напорите да се отстранат спомениците на Конфедерацијата добија на интензитет, откако бел расист во 2015 година уби девет афроамериканци во црква во Чарлстон, Јужна Каролина.

„Сега темпото е побрзо заради поголемиот притисок на јавноста и лутината“, рече Андра Гилеспе, професорка по политички науки на универзитетот Емори.

„Ова е моментот кога фокусот е ставен на анти-црниот расизам, но и другите форми на расно угнетување не се исклучени“, рече таа.