Смути од спанаќ и ананас

од Берта Китинска

Пијалак од овошје и зеленчук во чаша.

Состојки:

– 1 банана

– 150 гр ананас

– 200 гр спанаќ

– 250 мл густ јогурт

– 180 мл вода

– 1 лажичка кокосово масло

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете густ напиток.

Ако користите конзервиран ананас, можете да додадете малку течност за дополнителна сладост или, ако сакате, можете да додадете лажица мед.

Истурете во чаши и послужете.

Пријатно!

Слични содржини