Смути со шумско овошје и чиа семе

од Stefanija Kuzmanovska

Здрав овошен појадок.

Состојки:

– 1 мала шолја замрзнати бобинки

– 1 банана

– свеж ѓумбир

– 50 мл вода

– 100-200 мл погуст јогурт

– 2-3 лажички чиа семе

– мед, по вкус

Подготовка:

Во блендер ставете ги замрзнатото шумско овошје, бананата и исчистениот корен од ѓумбир, исечкани на мали парчиња.

Се заедно изблендирајте кратко, па додадете 50 мл вода, мешајте додека не добиете густа овошна каша.

Подгответе две чаши, па ставете еден слој овошна каша, па слој погуст јогурт.

Постапката повторете ја додека не ја потрошите смесата. На крајот треба да имате слој јогурт на кој ќе посипете чиа семе.

Кога ќе направите се, оставете 30 минути за да набабри чиа семето пред да го консумирате.

Слични содржини