Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, во јужната половина претежно од дожд, во северната од снег. Повеќе врнежи ќе има во попладневните часови и речиси насекаде ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од минус еден до осум степени.
Во Скопје слично време, облачно со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до три степени.
За време на викендот во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула. Постепено затоплување со повремени врнежи од дожд ќе има од недела попладне.