Француската јавност се крена на нозе по објавувањето на видеото од насилен напад врз една постара жена и нејзината внука, пренесува Newsweek.
Француските власти соопштија дека инцидентот на видеото се случил во понеделникот во југоисточното пристаниште Бордо.
На видеото снимено од безбедносните камери може да се види како 73-годишната жена и девојчето стојат во влез од зграда и дека маж е оддалечен од нив на околу пет метри. Тој стои на тротоарот пред таа зграда.
Кога мажот почнал да им се приближува, двете влегле во зградата и почнале да ја затвораат влезната врата. Но, тој не им дозволил да ја затворат и насилно влегол во зградата по нив.
На видеото можете да видите како мажот ги извлекува од зградата и ги фрла на земја. После тоа, мажот го кренал девојчето во раце и го фрла во воздух, но таа „слетала“ на нозе и не паднала. Напаѓачот потоа зел нешто од тротоарот и се оддалечил од местото на настанот.
Quelle horreur. Bordeaux aujourd’hui. Voilà ce qu’ils ont fait de notre pays. Français, réveillez-vous. pic.twitter.com/isuIzeHM96
— Eric Zemmour (@ZemmourEric) June 19, 2023
Француските власти соопштија дека видеото и изјавите на сведоци и помогнале на полицијата брзо да го уапси осомничениот. Неговиот идентитет не е откриен.
Повозрасната жена по нападот била пренесена во болница, но не се знае нејзината состојба.
„Префектот го осудува овој недозволив чин и се надева дека наскоро ќе бидат познати сите негови околности“, соопштуваат од градот Бордо.
Видеото од споменатиот напад на Твитер го објави поранешниот градоначалник на Бордо, Николас Флоријан. Тој напиша дека „неподносливиот“ напад се случил среде бел ден.
Повикувајќи се на извори во полицијата, телевизијата БФМ објави дека осомничениот е роден во 1993 година во Бордо и дека од претходно ѝ бил познат на полицијата.