Снимка од дрон ги покажува последиците од разорниот ЗЕМЈОТРЕС ВО ГРЦИЈА! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Луѓето излегоа надвор во паника, неколку куќи беа срушени, како и црквата во Еласона. Една жена едвај успеа да избега, а нејзиниот сопруг со параплегија по два часа бил спасен од урнатините на куќата, раскажал за српски „Блиц“ Ивана Станојевиќ, туристички работник за силниот земјотрес што ја погоди Грција денес.

– Првиот беше околу 12,15 часот по локално време. Потоа следеа 17 помали земјотреси, од 3,5 до 5,5 степени според Рихтеровата скала, а последниот пред неколку часа – вели таа.

Таа напоменала дека земјотресот бил со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, погодувајчи ја областа на 121 километар од Солун, во која има постари куќи изградени во осумдесеттите години од минатиот век.

– Беше на мала длабочина и затоа траеше долго, веројатно половина минута. Тоа предизвика голема вртоглавица кај многумина. Армијата постави шатори во Еласони и Торнавос, каде што жителите ќе спијат вечерва. Покрај тоа, грчката влада усвои нов пакет построги мерки поради зголемувањето на бројот на заразени, така што од утре движењето е во дозволените граници (супермаркет, лекар, аптека, рекреација), односно ограничено на максимум од два километри – објаснува Ивана.

Околу 19 часот биле забележани уште неколку силни земјотреси, а најсилниот бил со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала во Еласони.

За среќа во несреќа немало човечки жртви, но материјалната штета е огромна. Паднале фасадите на зградите, кои паѓале врз автомобилите. На видеото со беспилотно летало објавено од „Глобал њуз“, можат да се видат вистинските размери на катастрофата.

Корисниците на Твитер објавија дека земјотресот бил почувствуван и во Приштина, Подгорица и градовите во Македонија и Хрватска.

Хрватската сеизмолошка служба исто така објави дека утрово во 05,37 часот е регистриран прилично силен земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во близина на Глина.

Слични содржини