Кошаркарската легенда Мајкл Џордан е најбогатиот спортист на сите времиња според листата на списанието “Форбс”.
Поранешниот играч на “Чикаго Булс” и “Вашингтон Визардс” заработил 1,7 милијарди долари, но помалку од 100 милиони долари од нив ги заработил како професионален спортист.

На второ место на листата е голф ѕвездата Тајгер Вудс со 1,65 милијарди долари, кој се врати пред една недела на теренот по 15-месечно опоравување од операција на грбот. Тој е најбогат активен спортист во рангирањето. Иако сега добива со над 50% помалку од најсилните години, тој се уште ужива на приходи од 45 милиони долари годишно.
На трето место со 1,35 милијарди долари е друга голф легенда – починатиот во септември поради проблеми со срцето Арнолд Палмер. Тој заработи 40 милиони долари во последните години од својот живот благодарение на лиценцни договори за производство на опрема со неговото име, 500 продавници за голф опрема во Азија.
Иако платата на Џордан како играч на “Чикаго Булс” не одговара на неговото влијание врз играта, денес славата и заслугите му ги даваме.
Само во две сезони во “Чикаго” тој добил повеќе од 4 милиони долари плата . Платите за целата негова 15-годишна кариера во “Булс” и “Вашингтон Визардс” се вкупно 93 милиони долари.
Џордан се повлече од активната кошарка пред 13 години, но приходите никогаш не биле толку големи, како сега. Оваа година тој доби од “Најк” повеќе од 100 милиони долари поради успешната линија производи со неговото име, која зазема над 50% од пазарот на кошаркарски патики.
Брендот Jordan донесе обрт од 2,8 милијарди долари на американскиот производител за минатата година. Се очекува приходите од овој бренд да стигнат 4.5 милијарди долари до 2020 година
Случајот со Арнолд Палмер е уште фрапирачки. Во 52-годишната кариера на спортист во PGA тура тој заработил 3,6 милиони долари од наградни фондови. Последната победа е од 1973 година, но по повлекувањето тој почнува да акумулира реална состојба.
Во последните години добива по над 40 милиони долари. Покрај спортски договори тој е лице и на безалкохолни пијалоци на компанијата AriZona Beverage, која минатата година има обрт од 200 милиони долари.
Палмер е човекот кој прави пробив во развојот на спортистите како рекламни лица благодарение на партнерството со основачот на најголемата маркетинг агенција IMG Марк Меккормак. Тие ја ставија и основата за следната голема ѕвезда – Мајкл Џордан, коментира “Форбс”.