Со 104 гласа „за“ Собранието ја усвои потребата за донесување Декларација за Украина

од Nikola Popovski

Собранието по скратена постапка ја усвои потребата за донесување Декларација со која се осудува воената агресија од Русија и се поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

„За“ Декларацијата гласаа 104 пратеници, тројца биле „против“, а еден пратеник бил воздржан.

-Со ова е усвоен предложениот дневен ред, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Декларацијата се состои од 8 точки, а во неа се наведува дека таа ќе се достави до Владата, Министерството за надворешни работи и до Министерството за одбрана.

Предлогот за Декларацијата беше на партијата ЛДП.

Слични содржини