Последната вечер на осмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“,помина во знакот на доделувањето на наградите, последните четири проекции од годинашната програма и горко-слаткиот звук на групата „Баклава“.
Главната награда „Кромид“ за најдобар документарен филм ја доби „21 х Њујорк“ на режисерот Пјотр Стасик од Полска, „Млад кромид“ за најдобар филм на млад автор отиде во рацете на тројцата режисери Саломе Мачаиџе, Тамуна Карумиџе и Давид Мески за фимот “Кога земјата се чини лесна,“ со „Кокарче“ за најдобар студентски филм беше награден „Блиски врски“ на Зофија Ковалевска од Полска , со нововостановената „Сечкан кромид“ за најдобар краток филм се закити „Не сум од овде“ на Ѓидре Жискате и Маите Алберди со едногласна одлука на жирито и награда за Филм со најдобри етички идеи ја доби филмот „Машини“ од авторот Рахул Јаин од Индија.
„Наградите што секоја година ги доделуваме на последната вечер на фестивалот се инспирирани од нашиот симбол – кромидот, кој со својата повеќеслојност асоцира на различните нивоа на филмското дело, но и на различните нивоа на фестивалот“, рече Петра Селишкар, селекторка на филмската програма на „МакеДокс“.