Со документраниот филм „Со љубов“ започна осмото издание на „МакеДокс“

од Vladimir Zorba
210 прегледи

 

Со прикажувањето на документарниот филм „Со љубов“ на Илија Цветковски започна најновото издадание на Фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс“. Како секоја  измината така и годинава, на самиот почеток од осмото издание  Куршумли ан зрачеше во светлината на доку универзумот.

Новот издание на „МакеДокс“ под мотото „Расприкажани слики“ е посветен на визуелната нарација, која  претставува клуч за филмската поетика, но од друга страна го зголемува критериумот на филмската  селекција со оглед на тоа дека размислувањето низ филмскиот кадар како слика која се движи во замислен простор и создава време, претставува основен сегмент за филмот кој мисли, филмот кој сам по себе претставува уметничка трансформација и не подлежи на наративниот конструкт.

Вака, „МакеДокс“ ја отвора вратата кон уметничкиот филм, кој во своето градење ја предизвикува режисерската смелост, а новото овој пат мора да биде во дијагностички пророчки апологет на филмската уметност.

Кон филмот „ Со Љубов“

Филмот на режисерот Илија Цветковски е биографско портретирање на карактер, фокусиран на животна приказна раскажана во 66 минути. Протагонистот е неготинскиот професорот по биологија Дионис кој во своето суштетствување носи силна пасија, љубов кон автомобилите, олдтајмери кои „спијат“  во гаражите на  сограѓаните или во отпадот.

„Со љубов“ носи силна емотивна приказна која низ хумор прикажува човек ослободен од општествените стеги, подржан од љубовта на сопруга и семејството, но и своите ученици од неготинската гимназија.

Ритамот на филмските кадри не е константен, но е создаден во однос на дејството, а  режисерот успева низ монтажа да го забрза и оддржи континуитетот на приказната.  Како сценарист Атанас Георгиев интегрирал три важни сегменти на филмската платформа:  дијалог, монолог и внатрешен монолог пропратен со тишина и режисерска вештина преку слика да опише внатрешна состојба на водечкиот карактер.

Сценаристот Георгиев конструирал силна метафора  – инертноста на локалната  политиката и политичарите победена од желбата и љубовта на индивидуалецот.

Годинава  на МакеДокс ќе се прикажат 68 филмови во пет програмски делови – Главна програма, Нови автори, Кратки филмови, Студентска и Детска програма и 65 фестивалски гости. Годинава земја во фокус е Грузија./Вероника Камчевска