Со кафе се слабее

од desk2
141 прегледи

Повеќето од нас посегнуваме по шолја кафе наутро за да можеме да го започнеме денот. Но, покрај енергијата што ни ја дава кофеинот, тој ни помага и да останеме во форма, согорувајќи ни ги мастите во телото.

Првото нешто што треба да го разбереме за нашето тело е дека постојат различни масти: бели и кафени. Белите масти се оние што нашето тело ги складира и ги чува за да нè одржува во живот. Кафените масти пак, се оние кои ни помагаат при согорувањето на наталожените масти, го балансираат шеќерот во крвта, го одржуваат здравјето на коските, но и на мускулната маса. За жал, како што растеме, така губиме од кафените масти, што е една од причините поради кои потешко слабееме кога ќе остариме. За среќа, тие не исчезнуваат целосно. Новите истражувања покажуваат дека постои едноставен начин да се активираат повторно.

Според неколку неодамнешни студии, бил донесен заклучок дека консумирањето кофеин помага при зголемување на активноста на кафеавите масти, дури и со само со една шолја кафе. Со други зборови, редовното пиење кафе помага при согорувањето на вишокот килограми. Научниците дошле до овој заклучок по набљудувањето на учесниците кои пиеле вода наспроти кафе.

Сепак, имајте на ум дека со додавањето шлаг и шеќер се губат придобивките на кофеинот. Исто така, обидете се да се задржите на 1-2 шолји кафе на ден, па бидете претпазливи да не претерате бидејќи тоа носи други негативни страни.

Па, љубители на кафе, подгответе си една шолја уште веднаш и уживајте!

Слични содржини