Со лак и стрела ги нападнал демонстрантите во САД: Брутално го претепале и му го уништиле автомобилот (видео)

од Nikola Popovski
181 прегледи

Насилните протести продолжуваат низ САД поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд. За време на протестот во Солт Лејк Сити, еден маж извадил лак и стрела, сакајќи да се справи со демонстрантите.

Се започнало кога собраните граѓани ја блокирале улицата и се судрија со еден од возачите. Во еден момент, човекот извади лак и стрела и викнал „Сите животи се важни“.

Стрелал кон граѓаните неколку пати, но тие брзо го совладале и го претепале, по што ги искршиле прозорците на неговиот автомобил и го превртиле.

Протестите започнаа мирно, но се претворија во големи немири, поради што властите воведоа полициски час во повеќе земји, а била повикана и Националната гарда.