173
Високите температури се непријател на убавите нозе, бидејќи во текот на топлите денови, тие отекуваат. И тоа не е само естетски, туку и здравствен проблем. За да го ублажите, пробајте со природни ”лекови”.
Ви препорачуваме да направите пријатна купка.
Земете 100 грама листови или цветови од праска, ставете ги во сад и прелијте ги со топла вода. Нека отстојат некое време. Кога водата малку ќе се излади, потопете ги нозете во купката. Чувајте ги што е можно подолго, а најдобро би било еден час, за целосно да се опуштите и отокот да се повлече.
Измешајте ја водата од купката со чаша јаболков оцет, натопете подолги памучни чорапи, облечете ги и останете во нив десет минути.