Со мандат или не, ЕУ да ја признае новата влада за да се спречат нови насилства во Македонија

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Влијателниот Европски совет за надворешни работи од Брисел ја анализира состојбата во Македонија со оценка дека ако претседателот Ѓорге Иванов не го даде и овојпат мандатот за формирање на владата, можно е да дојде до повеќе насилство во Македонија.

Дури и да се случат наредните чекори по мирен пат, смета Советот, раководството на ВМРО-ДПМНЕ јасно ставило до знаење дека неотстранувањето на партијата од власт  – ќе биде платено со висока цена, пишува Макфакс

Во центарот на кризата, според Советот,  е  поранешниот премиер и лидер на ВМРО, Никола Груевски, кој се бори не само да ја оддржи својата де-факто контрола на владата, туку и да ја сочува својата слобода.

За да се спречи сето ова Советот предлага поенергична акција на Унијата и признавање на новата влада на СДСМ и албанските партии, имале мандат или не од претседателот.

Русија, според Советот,  отворено го поддржува ВМРО и  состојбата на статус кво, критикувајќи ги  ЕУ и САД за мешање, така што ако има нови преговори под меѓународно покровителство, Груевски  веројатно ќе побара место и за неа на масата.

СДСМ и  албанските партии, пак, ќе бидат среќни да го искористат руското мешање за да привлечат западните поддршка и да го дискредитираат  ВМРО.

Сепак, според оценка на Советот, Русија не е главниот извор на нестабилност во Македонија, иако станува се поагресивна во целиот регион, туку тоа е оставањето отворена врата од страна на ЕУ, која изминатите години не посвети доволно време на регионот.

Македонската политичка елита има исто така силна желба да не и се дозволи на ЕУ, според зборовите на еден локален политичар, “да се меша во бизнисот”.

„Кризата во Македонија сега има потенцијал за дестабилизација на поширокиот Западен Балкан со испраќањето порака дека оние кои не сакаат да ги почитуваат демократските правила на игра  ќе се извлечат со користење на насилство, бидејќи  ЕУ нема да направи ништо за да ги запре“, забелешува Советот.

Центар Карнеги: Кој е виновен за новата криза на Балканот?-прв дел

 

Според него, имало барање од  некои земји-членки на ЕУ да се покаже барем симболично незадоволство со непоканување на министерот  Никола Попоски на неформалниот состанок на ЕУ  во Малта,но и тоа не успеало.

„Наместо тоа, дозвола да се тепа, да се владее автократски, да се следи  демократијата  од типот на таа на Орбан, е она што ЕУ му го дава  на регионот“, заклучува Советот.

Според оценката, крајно време е ЕУ да дејствува поенергично при што воведувањето на санкциите кон поединци станува неопходно. Во меѓувреме да се користат и други притисоци врз  ВМРО-ДППМНЕ, како политичка изолација, а наскоро Брисел да го направи и следниот чекор со признавање на новоизбраната влада, дури и без мандат на претседателот./Макфакс