Надгробен крст со името на лидерот на СДСМ Зоран Заев носеа двајца битолчани кои синоќа во Битола ја славеа победата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во исто време на прославата во Скопје лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски им се обрати на поддржувачите со ветување дека ќе го надмине политичкиот јаз меѓу граѓаните., и дека тој и неговата партија ќе работат на обединување, межу граѓаните
Фотографијата во Битола е направена во близина на Општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ. Нејзиното објавување на Фејсбук предизвика бројни коментари, меѓу кои се посочува дека едното од лицата наводно е воспитно-образовен работник во битолско училиште.
ГРУЕВСКИ: ЌЕ ГО НАМАЛИМЕ ПОЛИТИЧКИОТ ЈАЗ МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ , ЌЕ РАБОТИМЕ НА ОБЕДИНУВАЊЕ!
Во Скопје по објавувањето на резултатите на ДИК според кои ВМРО-ДПМНЕ освои 51, а СДСМ 49 пратенички мандати лидерот на партијата Никола Груевски на сопартијците кои се собраа да слават во центарот на Скопје им рече:
– Ќе работиме на тоа да се намали политичкиот јаз меѓу граѓаните на Македонија. Ќе работиме на намалување на тој јаз, на обединување, Македонија да ја изградиме со повисок стандард, да ја направиме земја кој ќе се движи кон Европската унија. Тоа немаше да биде можно без поддршката од граѓаните кои создадоа атмосфера на мирни, конкурентни избори – рече Груевски.