Со наградни игри, попусти и панаѓури Русите се повикуваат на избори

од desk2
116 прегледи

Во сибирскиор регион Краснојарск политичките активисти освојуваат автомобил, додека во јужниот руски град Краснодар наградата е iPhone X. Во Бердск најдоброто селфи ќе биде објавено на билборди, но за да добијат прилика да освојат нешто од ова, Русите мора да излезат на гласање, пишува британски  The Guardian седум дена пред претседателските избори во Русија.

Нема сомнеж дека Владимир Путин ќе добие четврт мандат за претседател на изборите во недела, што ќе го направи прв лидер во Кремљ по Сталин да владее 20 години, пишува Радио Слободна Европа.

Но, Кремљ е загрижен поради одѕивот на гласачите. Свесни дека само апелот од Путин да се излезе на избори не е доволен, функционерите ширум земјата експериментираат со лотарии, натпревари и повремени референдуми (како во Волгоград кој ги прашува жителите дали сакаат да ја променат временската зона), се тоа за Путин да има поголема поддршка од онаа во 2012 година.

„Мислам дека би бил добар резултат Путин да ги надмаши резултатите од 2012 година“, велу Валери Фјодоров, шеф на водечката државна агенција за гласање VCIOM, кој редовно ги презентира резултатите од анкетирањето во Кремљ. На изборите во 2012 година излегоа 65 отсто од бирачите, а 63,6 отсто го поддржуваат Путин.

„Ми се чини дека администрацијата сака да ги поттикне луѓето да излезат на избори , никако да вршат притисок врз нив“, вели Фјодоров.

Овогодишните избори веќе стануваат едни од најбизарните и наинертните. Да потсетиме, порано на еден од најсериозните ривали на Путин, Алексеј Навални не му беше дозволено да учествува на изборите.

Сепак, покрај очигледното режирање на кампањата, инсајдери, анкетари, политички коментатори и членови на опозицијата велат дека легитимитетот на владата е на коцка.

„Излезноста е мерка на поддршка од јавноста“, вели Евгениј Роизман, градоначалник на Екатирининбург, трет по големина град во Русија. Тој е еден од ретките противници на Путин во срцето на русија кој изјави дека нема да гласа.

За Кремљ да ги поттикне бирачите да излезат на гласање очигледно сакаат да створат празнична атмосфера на денот на изборите и да избегнат можност за протести како што беше во 2012 година. Прв чекот во кампањата за излез на избори беше поместувањето на датумот на гласање на 18 март.

Потстуваме, порано Independent пишуваше дека Кремљ веднаш почнал со мешање околу техничките детали. Изборите се променети за 18 мрт, за да се поклопат со годишнината од анексијата на Крим.

Рекламирањето почна веднаш птом на 18 декември беше соопштен датумот, што е неколку недели порано од инаку.

На денот на избори, жителите на богатиот сибирски град Тиумен уживаат во масовен пролетен фестивал кој ќе им помогне на луѓето да излезат на избори. Тој ден гласачите ќе ги дочекаат различни попусти, лотарии и забавни саеми. Такна манипулација со народот во Русија е традиционална.

И додека The Guardian пишува како руските власти се загрижени за лошата излезност на младите The Washington post одговара на прашањето зошто младите го сакаат Путин?

На почетокот од текстот овол весник пишува за млада девојка која додека се вози со автобус на часови по новинарство. ужива тоа време да го искористи за читање вести на независен сајт кој бил остар кон авторитарниот претседател на Русија. „Она што руската душа го бара“, вели Екатерина Мамаи, „е да постои еден силен политичар во земјата кој личи на цар“.

Во текстот се наведува дека денешната руска младина не се сеќава на животот пред Путин, кој пред 18 години ја презеде власта како претседател. Анкетите покажуваат дека ужива поголема поддршка меѓу младите отколку во остатокот од јавноста.

Според истражувањето од декмври во независна анкета на Центарот Левада, 81 отсто од возрасните го одобрува Путин за претседател, а 86 од младите од 18 до 24 години го мислат истото.

Од агол на западот, младите Руси како Мамаи која се залага за либерални вредности, но и не се спротивставува на Путин, живеат во свет на контрадикторност.

Washington post потсетува дека на 18 март, Русите ќе излезат ан избори да го потврдар четвртиот претседателски мандат на 65-годишниот поранеше КГБ-овец, кој младата и хаотична демократија на државата ка претвори во авторитарен систем кој е последица на неговото владеење.
Тој ја девастира опозицијата благодарение на својата контрола над главните телевизиски канали во Русија, службите за безбедност и правосудството – но и затоа што како што прзнаваат многу негови противници, мнозинството во земјата го поддржува него.

Младите Русси во минатата година покренаа акција за формирање центар за улични протести под покровителство на опозицискиот лидер Алексеј Навални. Меѓутоа, аналитичарите предупредуваат дека погрешно ги прифатиле протестите како знак на талент против Путин кој потсетува на Арапската пролет.

„Нема критична маса луѓе кои бараат радикални промени“, велат политичарите Иван Крастев и Глеб Павловски од Евроспкиот совет за надворешни работи и додаваат: „Спротивно од западните фантазии, Русите под 25 години се најконтроверзни и про-путински групи во општеството“.

Потврда за тие тврдења Washington post наоѓа во приказната за тројца млади во Курган, град со околу 300.000 на трансибирската железница во блзина на казахстанската граница. Сите тројца ќе гласаат за Путин заради надеж, оставки и страв.

Нивното размислување се темели на секќавањата од мрачното и сиромашно минато. Во деведесеттите години од минатиот век, пред Путин да дојде на власт, беззаконието во Курган билот такво што невини мештани можеле да бидат убиени едноставно за седење на прогрешно место во автобус или во кино.

Чувството дека работите можеле да бидат и полоши, како и дека повторно може да се влошат е карактеристична за Путиновата генерација, велат истражувачите. Повече од 6.000 студенти лани кои учествувале во истражување, а 80 отсто од нив екле дека веруваат дека имаат повеќе можности од своите родитеи.Истовремено, големо мнозинство од испитаниците велат дека се загрижени за неизвесната иднина и опасноста од светска војна.

Валериј Касамара од Московската висока школа за економија, една од раководителите на проектот, вели дека Путин е тој што ја водел државата цел негов живот, како и дека ним им оди добро во животот. Тие мислат: „Не знаеме како ќе биде под некој друг, но под Путин, работите се добри“.