Со нашите предлози горивата ќе поевтинат за 15 денари, рече Филипче и побара намалување на цените на патарините

„Премиерот лаже како и секогаш. Ќе ве собере, ќе даде некоја изјава колку да се каже. На кој се обраќа не знам...Колку да има некаков одговор. Нема никаков предлог“, вели лидерот на СДСМ

од Nikola Popovski
18 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Премиерот лаже како и секогаш. Ќе ве собере, ќе даде некоја изјава колку да се каже. На кој се обраќа не знам…Колку да има некаков одговор. Нема никаков предлог. Ова требаше да се предвиди, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче за економските мерки кои што треба да се преземат за да се сузбие економската криза во земјава по конфликтот на Блискиот Исток.

Според Филипче, настаните биле предвидливи со оглед на воените дејствија.

-Дека ќе се затвори Ормутскиот теснец беше исто така предвидено од светските медиуми, само ние сме некако изненадени. Зошто не се направи нешто како што направија сите околни земји претходно. дури сега кога вторпат се зголемува цената на дериватите, премиерот нешто ќе разгледува? Што ќе разгледува? Не очекувам дека сега нешто ќе преземе. Тој не сака да им помогне на граѓаните и државата. Што направи да им помогне со цените и платите? Ова се конкретни законски решенија и предлози кои ќе го олеснат животот на граѓаните. За над 15 денари ќе се намали цената на литар гориво и тоа е сериозна заштеда, вели лидерот на СДСМ на денешната прес-конференција за предлозите на неговата партија во однос на енергенсите во државата.

Филипче повторно предложи да се намалат цените на патарините, со оглед на патувањата на граѓаните. Тој додаде дека имаме најскапи патарини во Европа и најлоши патишта.

Минатата недела СДСМ предложи намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната.