Со настап на „Јупитер и Оквес“ денска започнува 17 „Оффест“. Познат по доминантниот румба-стил, но истовремено и мноштвото на други ритми и стилови кои опстојуваат во сенките на румбата, реминисценции на фанкот, соулот и рокот.
Утре, 1 јуни, ќе настапат единствените учесници од Македонија – „Фајтинг виндмилс“ кои ќе го промовираат новиот албум „An Exercise in Surprise“ а по нив американско-австралиско-турскиот состав „Диртмјузик“.
Музиката која ја создава „Фајтинг виндмилс“ не подлежи на никаква категоризација, сосем природно пронаоѓајки го својот идентитет во играта со повеќе жанровски и стилски извори, меѓу другите и со пост-рок, фри-џез, пост-панк, фолклор, амбиентална и современа класична музика. Во својата дискографија имаат пет албуми, а во меѓувреме, соработуваат со некои од најинтересните чинители на македонската современа џез сцена, како Sethstat и Јордан Костов.
На затварањето на фестивалот на 5 јуни ќе настапи африканската супер ѕвезда Уму Сангаре добитник на наградата Греми. Таа е Амбасадор на добра волја на Обединетите нации, добитник на International Music Award на УНЕСКО и Womex 2017 Artist Award Winner.
На Оффест ќе настапи и македонскиот состав Fighting Windmills. Музиката која ја создава оваа група не подлежи на никаква категоризација, сосем природно пронаоѓајки го својот идентитет во играта со повеќе жанровски и стилски извори, меѓу другите и со пост-рок, фри-џез, пост-панк, фолклор, амбиентална и современа класична музика. Во својата дискографија имаат пет албуми, а во меѓувреме, соработуваат со некои од најинтересните чинители на македонската современа џез сцена, како Sethstat и Јордан Костов.