Со нив не е лесно: Трите најпребирливи хороскопски знаци во врските

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Љубовта е прекрасна, но понекогаш може да биде доста напорна – особено ако сте во врска со некој кој има јасни очекувања, високи стандарди и никогаш не се задоволува со помалку од она што го сака.

Некои хороскопски знаци се познати по тоа што се вистински предизвик за своите партнери, но и по тоа што водењето љубов со нив никогаш не е досадно!

Доколку сте во врска со некој од овие знаци, подгответе се за љубовните височини, но и повремениот тест на трпението.

Девица

Девиците се вистински аналитичари на љубовта – тие не бараат само партнер, туку и совршен партнер. Во врските тие се внимателни, лојални и секогаш сакаат сè да биде „како што треба“. Меѓутоа, проблемот настанува кога ќе почнат да го преанализираат секој детал, да ја забележуваат секоја ситница и да критикуваат кога нешто не оди според планот. Очекуваат труд, организација и јасно изразување на емоциите – но ако го поминете нивниот љубовен „тест за квалитет“, ќе добиете неверојатно грижлив и доверлив партнер.

Скорпија

Врската со Скорпија никогаш не е обична – тие се или 100 проценти вклучени или не се заинтересирани. Сепак, нивниот интензитет може да биде доста предизвикувачки. Очекуваат длабока емотивна поврзаност, целосна доверба и искреност во секое време. Ако почувствуваат некаква несигурност или неискреност, можат да станат посесивни и љубоморни. Но, кога ги сакате на вистински начин, тие ве сакаат уште повеќе – страсно, лојално и со безрезервна поддршка.

Лав

Лавовите не сакаат само љубов – тие сакаат да бидат обожувани. Очекуваат внимание, комплименти и восхит од партнерот, а ако не им го дадете, може да се чувствуваат запоставено. Но, не е се во нивното его – тие се неверојатно дарежливи партнери кои ќе ви пружат љубов, поддршка и луксузна доза на романтика. Но, за да го освоите Лавот, треба да знаете како да ја играте играта на вниманието – затоа што тие сакаат да бидат во центарот на вниманието и сакаат партнер кој ќе им се восхитува без резерва.

Слични содржини