Со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата – приведен насилник во Кичево

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Полициски службеници вчера во Кичево го привеле Е.З.(28), кој прво со закана со остар предмет сопрел такси возило и му се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал ученици и вработени.

Потоа нападнал и случаен минувач на Градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во Медицинскиот центар во Кичево, на кого му нанел повреда со остриот предмет, соопшти МВР.

Подоцна, откако бил приведен, во службени простории на ОВР Кичево Е.З. физички нападнал и полициски службеник. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини