Со нож убиен полицаец во Велес

од Nikola Popovski

Утринава околу 2 часот и 20 минути, 40-годишен полицаец бил убиен во семејната куќа во Велес. Според информациите од МВР,  полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес поради сомнение дека го извршила убиството со остар предмет. Неофицијално станува збор за љубовна драма.

-Таа на ул.„Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, се вели во соопштението на СВР Велес.

Извршен е увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против жената ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Слични содржини