Секој сонува за нешто и се надева тоа да се случи порано или подоцна. Тоа е еден интересен ритуал за исполнување на желби, кој може да го испробате и ако , се разбира, верувате во тоа.Напишете ја на лист хартија својата желба. Тоа мора да има карактер на тврдење. На пример: “Јас сум здрава! Ме очекува само добро!” Потоа ставете го листот на масата, а врз него ставете чаша полна со вода. Истријте ги дланките една од друга и замислете дека енергијата е меѓу нив.

Потоа со дланките доближете се до чашата, но без да ја допирате. Повторете ја желбата уште неколку пати, најдобро на глас, да го кажувате свесно, со уверување дека зборовите водат кон исполнување и замислете како таа се спроведува. Направете ја оваа постапка двапати – наутро, по станување и вечерта. Верувајте: Желбата ви сигурно ќе се исполни! Не треба, сепак, во неа да присуствува ни честичка “не”.
Желбата ви треба да е јасно формулирана и живототворна. Такви кои сакаат зло на друг, само ќе си наштетат. Ако сакате да постигнете неколку цели, направете се што е во ред – денес една желба, утре друга. Односно на една желба – една чаша вода. Ако желбата е поврзана со здравјето, водата во чашата стекнува лековити својства. Но само за вас. Кога ќе го направите ритуалот, задолжително испијте ја водата! Полека, мислејќи за желбата, чувствувајќи го вкусот на водата.