Со пари собрани преку Интернет ослободен еден од полицајците кои учествуваа во убиството на Флојд

од Nikola Popovski

Еден од четворицата полицајци од Минеаполис обвинет за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, Томас Лејн, бил ослободен од притвор, откако ја платил кауцијата.

Адвокатот на 37-годишниот поранешен полицаец потврдил дека за Лејн била платена кауција од 750.000 американски долари и дека станува збор за условна кауција.

Локалниот весник „Стар трибјун“ пишува дека парите најмногу се собирале преку Интернет од донации на „Пејпал“, односно плаќања на веб-страница отворена за да соберат средства за негово ослободување од притвор.

Во описот на таа страница се наведува дека „кауцијата на Лејн била неправедно висока и дека тој сторил сé што може за да го спаси животот на Флојд“.

Следното рочиште на Лејн е закажано за 29 јуни, а неговиот адвокат планира да поднесе предлог за отфрлање на обвиненијата, објавиле медиумите.

Слични содржини