Со планинарски марш до Водно, ќе се одбележи европскиот ден на знамето

од desk3
87 прегледи

 

Европскиот ден на знамето што ќе се одржи денес со планинарски марш до Водно. Маршот е во организација на Европското движење на Република Македонија и Делегацијата на ЕУ, како дел од целокупната програма за одбележување на Денот на Европа.

 

Пред седиштето на ЕУ со почеток во 9 часот ќе се изврши размена на знамињата на Република Македонија и на Европската унија со традиционално и симболично значење. Учесниците од седиштето на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија ќе се упатат кон врвот на Водно. Таму ќе бидат поставени двете знамиња. Учесниците на маршот ќе добијат маици со лого на Европската унија и топол чај.

На планинарскиот марш ќе учествуваат планинари, активисти на Европското движење во Република Македонија, студенти и други граѓани. Ќе се приклучат и над 100 ученици и наставници од основните училишта во Општина Аеродром.

Освен церемонијалниот карактер целтта на манифестацијата е да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, кои би требало  да бидат значително поразвиени  поради планинскиот карактер на државата.