Со протестен собир во сабота (12 декември) на плоштадот „Магнолија“, членовите на здружението „За нас се работи“ ќе побараат итно решавање на проблемот со загадувањето во Битола-јави РадиоМОФ

12339484_1666485293628456_6840724943623864082_o-702x336

Од здужението велат дека се загрижени, револтирани и исплашени за своето и здравјето на најблиските, а причина за повикот за протест е алармантната долгогодишна состојба со загадениот воздух во градот и околината.

Висока загаденост на воздухот во Карпош и Центар

„Секако решението на овој горлив и долгогодишен проблем е пред се во политичката волја, односно, волјата на институциите на системот, во чии раце лежи секое решение на општествените проблеми особено на оние егзистенцијални, кои се загарантирани со уставот и законите на Република Македонија.Секоја власт во досегашното раководење со државата имала свои приоритети, но од досегашното се добива впечаток дека основните проблеми со загадениот воздух во нашиот град се далеку на листата на приоритети, како на централната така и на секоја локална власт во изминатиов период“, снетаат од здружението.

Тие повикуваат на поддршка на платформата „5-ка за Битола ” во која веќе се наведени пет најитни мерки за справување со загадувањето на воздухот, со кои ќе се намали присуството на загадени материи и ПМ10 честички. Како дел од мерките се предложува воведување режим на сообраќајот во централното подрачје на градот, прскање на улиците со соодветна хемиска смеса, јавен еколошки градски превоз, субвенционирање на трошоците за електрична енергија на домакинствата како и преадаптација на постојната топлификација во институциите кои се греат на тврди горива (мазут).

Слични содржини