Со украдено возило удрил во надгробна плоча на градски гробишта

од Stefanija Kuzmanovska

Полициски службеници од СВР Куманово на 21.02.2023 во 09.40 часот го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип.

– Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект на улица „Иво Лола Рибар“ и одзел пари и клучеви од патничко возило „пежо“ сопственост на Б.С., по што го одзел и возилото, со кое удрил во надгробна плоча на Градските гробишта во Куманово, информира МВР.

С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Слични содржини