Со закана го принудиле да потпише две испратници со суми по 1.170.000 денари

од Nikola Popovski

На 04.10.2022 во 14:00 часот во Полициската станица Гази Баба, У.С.(45) од с.Селемли, општина Богданци, пријавил дека настанал хаос откако се договорил со Б.А., сопственик на фирма на „Кванташки пазар“ во Скопје, да се видат и да ги надминат недоразбирањата што ги имаат нивните фирми околу плаќање на роба.

Според пријавата, У.С. дошол пред канцеларијата на Б.А., кој излегувал и му рекол да го почека во просториите на фирмата, каде две лица со закана го принудиле да потпише две испратници со две фактури со суми од по 1.170.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини