Со законско решение, цените во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани, вели Филипче

од Берта Китинска

Главниот кризен штаб  бара цените во приватните болници да бидат финансиски издржливи за сите граѓани

Предлогот кој го имаат поднесе до Владата предвидува дијагностицирањето и лекувањето на ковид пациенти во приватните болници да биде ограничено и да се движи од 40 илјади до 305.000 денари

„Денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување. Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари“, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид 19.

„Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид пацинети во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани“, потенцира министерот.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 142.034, бројката на оздравени пациенти е 117.794, на починати е 4.262, а бројот на активни случаи изнесува 19.978.

Слични содржини