Собранието ја усвои потребата Законот за ЈО да помине во скратена постапка

од Aleksandar Todeski

Законот за Јавно обвинителство и Законот за Советот на јавни обвинители добија поддршка од пратениците по скратена постапка да бидат донесени во Собранието. Законот за ЈО доби поддршка од 63 пратеници, додека пак Законот за Советот на јавни обвинители доби поддршка од 59 пратеници.

По усвојувањето на потребата, законите одат на Комисијата за европски прашања, каде треба да се одржи дводневна дебата, по што се враќа на пленарна седница, каде треба да бидат изгласани од 80 пратеници, односно со дво-третинско мнозинство.

Министерката за правда, Рената Дескоска како предлагач на законските решенија побара од пратениците истите да бидат донесени пред распуштање на Собранието, затоа што се важни за европската интеграција на земјата.

За збор се јави пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој предложи Собранието да го тргне Законот за Јавно обвинителство од дневен ред, бидејќи материјалот им бил поделен како предлог-закон за кој не постоела одлука на Влада дека се поднесува во собраниска постапка.

Претходно, Законот беше доставен во Собранието, но поради технички грешки, истиот беше повлечен и поднесен онака како што Владата на вчерашната седница го усвоила.

Слични содржини