Собраниската зграда конечно е под контрола на полицијата!

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Пред околу еден час беа евакуирани сите пратеници, новинарите и вработените од Собраниската зграда, кои беа заробени по насилното влегување на демонстрантите од „Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија“ во Парламентот. Поголемиот дел од демонстрантите го напуштија протестот, но една група остана и постави шатор со намера да преноќи.

Околу 22 часот започна интервенција на специјалните единици на полицијата со серија од шок бомби за истиснување на демонстрантите од собраниската зграда. Тие предизвикаа стампедо на групи демонстранти кои го напуштија Собранието, по што специјалците поставија полициска барикада и не дозволуваа никој да се движи кон влезовите.

Акцијата заврши со траги од крв на специјалци по што има вкупно околу 60-тина повредени. Од нив десетмина се полицијаци, а најмалку 5-6 пратеници.

Заев евакуиран од Собранието на РМ

Организаторите најавија дека ќе останат пред Собранието во текот на вечерта:

„Нема ограда меѓу граѓаните и Собранието. Ние сме оградата. Ќе останеме тука. Ова можеби ќе се должи 4-5 дена или недели. Како и да е остануваме тука.“ -изјави Илиевски.

„Ова што се случуваше денеска тука беше провокација на кои за жал некои потопаднаа и предизвикаа насилство. Насилството го осудуваме. Заедно во голем број чекаме да го чуваме Собранието и да ја чекаме разврската од наводната лидерска средба.“ -порача Дамовски.

Во моментов приодите од двете страни на Собранието се затворени и има поставено ограда. Се забележува големо присуство на полицијата.

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу за Алсат М вечерва изјави дека утре ќе побара одговорност од сите ангажирани во Оперативниот штаб и зошто полицијата не реагираше на време.

„Навремено беше формиран оперативен штаб кој функционира уште од почетокот на протестите, но полицијата денеска не ја заврши работата“, рече Нухиу.

Слични содржини