Софија Вергара конечно ја откри главната причина за разводот од Џо Манџаниело

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Софија Вергара се разведе од Џо Манџаниело минатата година, по седум години брак.

Иако важеа за хармоничен пар, тие одлучија да се разделат, а Софија сега за првпат проговори за причините за разводот.

„Мојот брак се распадна затоа што Џо беше помлад од мене и сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Мислам дека тоа не би било фер кон бебето. Почитувам кој и да го прави тоа, но тоа не е за мене повеќе. Добив син кога имав 19 години. Тој сега има 32 години и подготвена сум да бидам баба, а не мајка. Скоро сум во менопауза, тоа е природен тек на нештата“, искрено изјави таа за El Pais.

Слични содржини