Софија Вергара: Моето куче ме мрази, но го мразам и јас него

од Nikola Popovski

Година и пол по завршувањето на серијата „Модерно семејство“, актерката Софија Вергара повторно беше во шоуто на Елен Деџенерис, чиј редовен гостин е таа, за да ја опише „драмата“ низ која поминува откако доби куче.

„Таа украде сè што имам, мојот сопруг, мојот кревет, сè“, рекла актерката.

Нејзиниот сопруг Џо Манџанело ѝ подарил чивава по име Баблс, пишува „ABC“.

„Сте можеле да ѝ го промените името“, се пошегувала водителката.

„Како да ѝ го сменам името кога има шест години? На кучешки години, тоа е како 50 и нешто слично. На крај, како би ја нарекла? Пакито? Бурито? “, прашала актерката.

Вергара изјавила дека кога нејзиниот сопруг ѝ донел куче, таа целосно ја игнорирала и отишла директно во неговиот кревет.

„Тие дури спијат заедно. Морам да кажам дека таа е виновникот, таа е опседната со Џо. Кога ќе замине и ќе остане сама со мене, таа избегнува дури и контакт со очите со мене. Таа ме мрази, но ја мразам и јас неа. Размислував да купам друго куче, но се плашам дека истото ќе се случи и дека и тоа ќе се за заљуби во мојот сопруг“, изјавила Вергара.

Слични содржини