Софијанова: Кај децата се сретнувавме со дијабет како последица на поминат ковид

од Маја Анчевска
746 прегледи

Пост- ковид децата беа писиар негативни, но имаа компликации поради високо ниво на антитела па, и де-димерите кои знаат да се покачат. Некаде околу 200 деца  беа со такви симптоми на различни органи, најчесто се атакираше срцето со тахикардии, покачување на срцеви ензими, удирање на бубрег-гломерунефрити, емитација на слепо црево, имавме стомачни тегоби, онесвестување, главоболки, губење на енергија, нерасположливост која се јавуваше баш по попоминување на самиот ковид, типична анемија со ниско железо, не само како хемоглобин во еритроцити туку и ниско железо во серумот во крвта, вели во разговор за „Локално“, професор д-р. Аспазија Софијанова, директорка на ЈЗУ Клиника за детски болести -Скопје.

На Клиниката за детски болести како последица на КОВИД-19  најчесто се јавувал дијабет.

– Вчера имавме тежок вид на дијабет. Кај децата се сретнувавме со болеста од тип на дијабет  како последица на поминат ковид , го отвараше тој генетски механизам што го носиме сите во нас и како последица на поминат ковид вирус кој го отвара тој ген, кој немора да се покаже но, ковидот го прави видлив како болест, а тоа е дијабет. Скоро добивавме еднаш во две недели тежок облик на дијабет. Таков е случајот со бебето од Кичево, тоа беше  случај  на дијабет паралелен со ковид. Ковидот го поминуваше, а веќе го откочи механизмот. Генерално дијабет тип 1 е генетски предизвикан кај децата, не е како кај  возрасните од храна и други фактори на метаболизам. Имавме и тешка кома предизвикана од дијабет тип 1. Кај срце имаше тахикардија дури што некогаш моравме да реагираме со лекови, вели Софијанова.

Најизложени на пост-ковид симтоми се деца од 2 до 12 години.

– Помалите имаат полесен облик. Тие повеќе дехидрираат, имаа тепмература и моравме да реагираме со инфузија без антибиотик. Иако некогаш некои имаат висок цеерпе (CRP), што укажуа дека има некоја инфекција но, не од ковид, туку од поминат ковид кој го намалува имунитет и се прави секундарна бактериска инфекција и моравме да реагираме со антибиотик. Инаку, примарнирниот ковид не се лекува со антибиотик . За жал нема превенција. Родители поминуваа со потежок облик  на инфекција со ковид, а кај децата се јавуваа пост- ковид симтоми, додава докторката.

Софијанија вели дека родителите тешко можат да разликуваат алергија од ковид бидејќи имаат слична симтомалогија.

– Кај алергија симтомалогија оди без температура, а кај ковидот па и со пост – ковид рекција  оди со температура, тоа ни е дистикција помеѓу ковид и алергиски реакции кои имитираат на горен респираторен синдром, информира таа.

Клиника за детски болести во мометов, по намалување на епидемиолошкиот бран има само две дечиња со пост – ковид симтоми. Докторката потенцира дека  од време кога започнал КОВИД-19 во април 2021 година не се соочувале со т.н пост – ковид синдром.

– Без дишења едно по друго што не е многу типично ги добивме децата со т.н. Кавасаки лаут синдром, што значи васкулити на екстремитети што се гледаат како ситни точкасти крварања кои наликуваат на вирусни инфекции, а се јавуваат ретко, бидејќи се еден вид компликации од некој вирус. Меѓутоа  веќе беше прогласена  пандемија на корона, видовме дека доста возразни страдаат, а овие дечиња откако ги испитавме најдовме дека во еден период и тие заедно со своите  родителите поминале корона, која не била класична како кај возрасните, меѓутоа васкулити не раснат во облик на инфекција, за да по извесен период да добијат симтоми кои се нетипични и кои не се често видливи кај децата, а причина за тоа е вирус. Меѓутоа бидејќи овој пат бевме во пандемија и се прогласи , сфативме дека се работи за корона, вели Софијанова.

Докторката потенцира дека децата не се писиар позитивни, туку имаат висока цифра на антитела од прележан ковид кои предизвикуваат последици кај децата.

– Како имавме се поголема можност за биохемиски анализи и биохемиски параментри на Клиниката за детски болести, каде и се одвиваат подетални испитувања кога е ковид во прашања, дали има антитела, нема антитела, што предизвикува одредени промени како во случајот кавасаки и тие други различни компликации, сфативме дека кај децата самиот ковид не е толку страшен колку што тој одкога ќе помине и откако ќе почне да произведува антителата може  да откочи дел од генетиката што ја носи самото дете и да предизвика одреден видлив или невидлив удар врз некој орган и да предизвика некои одредени компликации. Така што до ден денес кај децата повеќе се сретнуваме со пост – ковид отколку со ковид симптоми, додава докторката.

М.А.

Слични содржини