Солшер го изедначи рекордот на Базби

од desk2
143 прегледи

Оле Гунар Солшер го повтори рекордот на Мет Базби, откако ја забележа петтата победа во првите пет натпревари по поставувањето на тренерското место во Манчестер јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ денес го победија Рединг со 2:0 во 1/32 финалето на Купот на Англија.

Норвежанецот на 19 декември го наследи Жозе Мурињо на клупата на Јунајтед и оттогаш со клубот оствари максимални пет победи.

Претходно, Манчестер јунајтед во Премиер лигата под водство на Солшер досега ги победи Кардиф (5:1), Хадерсфилд (3:1), Бурнемут (4:1) и Њукасл (2:0).