Оле Гунар Солшер на клупата на Манчестер Јунајтед дебитираше со победа, откако „Црвените ѓаволи“ во рамките на 18 коло на англиската Прмиер лига го победија Кардиф со 5:1.

Јунајтед дојде во водство уште во 4. минута. Маркус Рашфорд од слободен удар погоди за првиот гол на Јунајтед. . Пол Погба асистираше на Андер Керера, кој го изненади голманот на Кардив во 29. минута за 2:0.
Кардиф намали на 2:1 во 38. минута, откако Виктор Камараса беше прецизен од белата точка.
Но, само три минути подоцна Манчестер зголеми на 3:1, со голот на Антони Марсијал.
По полувремето Јунајтед играше одлично и по грешка на Кардиф беше доделен пенал за Манчестер, а прецизен беше Џеси Лингард.
По неколку шанси, Манчестер ги постигна конечните 5:1 со ударот на Линдгард во првата минута од судиското надополнување.