Солшер: Имам визија за тоа што ќе биде со МЈ во следните неколку години

од desk2
97 прегледи

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер, истакна дека со раководството на клубот ја сподели својата визија за иднината на Манчестер јунајтед.

Претходно беше објавено дека на Норвежанецот му е предложено да го продолжи договорот кој истекува на крајот од сезоната.

– Секој ден чувствувам дека му помагам на клубот и оставам свој белег, но одлуката за иднината на играчите не зависи од мене. Самите играчи одлучуваат дали сакаат да останат или да си заминат. Ја искажав мојата визија за она што го сакам за клубот во наредните години. Треба да размислиме за иднината и за сегашноста. Имам идеја за тоа како МЈ треба да изгледа за неколку години, изјави Солшер.