Сон ќе одмара две сезони, треба да оди во војска

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хун-Мин може да пропушти 2 сезони, поради служба во армијата на Јужна Кореја, пишува шпанскиот весник „AS“.

Што се однесува до азискиот закон, играчот мора да помине воен рок додека не наполни 28 години, додаде тој.

Вршењето на воена служба трае помеѓу 21 и 36 месеци, во зависност од тоа која воена единица ќе биде избрана.

Сепак, постои посебно правило за спортисти, а особено за оние кои ја претставуваат земјата на меѓународни натпревари.

Сон ќе наполни 28 години во 2020 година. Напаѓачот мора да игра за Јужна Кореја на 3 меѓународни турнири – Светското првенство, Азиските Игри и Купот на Азија. Последниот ќе се одржи во 2019 година.

Слични содржини