Сон за Белата куќа: Познати кои станаа политичари

Селебрити политиката е се попопуларна последниве неколку години. Доказ за тоа се бројните познати кои сакаат да се пробаат во кандитатурата за претседател, а освен во САД, тоа е распространето и во делови од светот.

Кога ќе се заситат познатите како актери, пејачи или телевизиски водители, овие познати одлучиле да се испробаат во политиката. И тоа, ни повеќе ни помалку, туку да се кандидираат за претседател/ка на САД. По победата на актуелниот претседател Доналд Трамп, кој цела политичка кампања ја базираше на социјалните мрежи, се чини дека и другите ѕвезди се одлучиле за популарната селебрити политика.

Опра Винфри

Познатата актерка и ТВ водителка наводно размислувала за тоа да се кандидира за претстојните претседателски избори во 2020 година уште пред две години, но во разговор за „InStyle Magazine“ признала дека тоа нема да се случи.

– Многумина ми рекоа дека би била совршена во таа улога, дека можат да ми помогнат, но генерално политиката не ме интересира. Немам ДНК за политика – изјавила Опра.

Двејн Џонсон

Најплатениот актер кој може да се пофали со заработка од 89,4 милиони долари, серионо размислува за тоа да се кандидира за претседател во 2020 година. За време на гостувањето во Saturday Night Live, Џонсон признал дека размислува за тоа.

– Можам искрено да ви кажам дека мојата желба за кандидатура дојде поради многу други кои ми рекоа дека би бил совршен во таа улога – изјавил Џонсон

Елен Деџенерис

Постои нешто во мене што луѓето го сакаат. Не знам точно што – се пошегувала во една прилика познатата водителка, а доказ за тоа се бројните анкети кои покажуваат дека од сите познати личности, сакаат да ја видат Елен како претседателка.

– Сакам приватни авиони, така да тоа ми одговара. Но, немам никакви политички амбиции. Имав неколку идеи како да им го подобрам животот на луѓето. На пример, да сум претседател би се изборила за тоа мажите и жените да имаат исти плати. Сметам дека не би требало да постои разлика – изјавила Деџенерис и додала дека нејзината сопруга би била прекрасна прва дама.

Канје Вест

Познатиот рапер не престанува да изненадува со своите изјави и постапки. Така ја шокираше јавноста кога најави дека во 2024 ќе се кандидира за претседател, но пред тоа ќе го смени името во Кристијан Џиниус Билионер Канје Вест.

Росејн Бар

Американската актерка и стендап комичарка во 2012 година се кандидираше за претседателка на САН, но на крајот заврши на шестото место. Бар се фокусираше на легализација на марихуаната, чување на околината и еднакви права за сите. Исто ткаа, Бар во својата кампања зборуваше против демократите и републиканците, а размислува за тоа повторно да се кандидира во 2020 година.

Том Хенкс

Уште еден актер кој сакаше да се проба во политиката. Том сакаше да го поддржи својот колега Двејн Џонсон и рекол дека чесно ќе се бори рамо до рамо. Но, актерката Мерил Стриш изјавила дека смета дека Том би бил совршен во таа улога.

Џорџ Клуни

За време на филмскиот фестивал во Венеција во 2017 година, Клуни за медиумите изјавил дека би било забавно да се кандидира за американски претседател, но тоа никогаш нема да се случи бидејќи смета дека познатитие не би требало да се мешаат во публиката.

Арнолд Шварценегер

Поранешниот гувернер на Калифорнија и актерска ѕвезда повеќе пати рекол дека без никаков сомнеш би се кандидирал за претседател на САД, доколку законот би дозволил кандидатура на странците. Тоа го изјавил уште во 2010 година, но голем проблем му претставува законот кој им забранува на луѓето со американско државјанство, а се родени надвор од САД, да се кандидираат за претседател на САД.

Слични содржини